Мундијалот за Македонија повторно остана сон – нова лекција од Романија

Македонската женска ракометната репрезентација и во реванш дуелот од баражот за СП 2021 доживеа убедлив пораз и со тоа остана без пласман на Мундијалот.

„Црвено-жолтите“ на домашен терен загуби сосема заслужено од од Романија (20-35) која комплетно не надигра.

Нашиот национален тим направи премног грешки, вклучувајќи и загубените топки, па поразот беше неизбежен.

Најдобра кај Македонија беше Ѓорѓиевска која даде шест гола, пред Ливриниќ со четири реализации.

Кај Романките најистакната беше Моиса со осум гола, додека Југану, Пинтеа и Базалиу запишаа по четири погодоци

За потсетување, за Македонија ова е трет неуспех по ред во бараж мечевите за СП, претходно нашиот национален тим беше елиминиран од Словенија и Шведска.