Ни се насмевнува уште еден Мундијал: Со +8 во Романија

1046

Македонската ракометна репрезентација направи огромен чекор кон пласман на уште едно Светско првенство откако на домашен терен убедливо ја совлада Романија со 32:24.

Нашите ракометари беа далеку подобри во текот на целиот натпревар и впечаток е дека пропуштија можност со уште поголема предност да заминат на реваншот од овој бараж. Романија беше конкурентна само во првите пет минути кога резултатот гласеше 2:2.

Следуваше серија од шест гола за 8:2, а пред крајот на првото полувреме ја достигнавме и највисоката предност во тој дел (15:8). Романците успеаја да намалат на -5, но победникот беше решен по серијата од 5:0 кон средината од второто полувреме по кои Македонија поведе со 24:14. Противникот потоа не успеа да намали на помалку од седум гола негатива.

Кире Лазаров со осум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Манасков додаде шест, но Борко Ристовски со 14 одбрани имаше огромен придонес за убедливата победа.