Му скинаа уште една круна на Надал

Трет турнир на земјена подлога оваа сезона, а Рафа Надал уште не успеал да освои ниедна титула.

Загуби и на домашен терен, во Мадрид, каде е елиминиран во полуфиналето од Стефанос Циципас со 1-2 (4-6, 6-2, 3-6). Тоа значи дека нема да игра во финалето каде го очекуваше Новак Ѓоковиќ.

Место него ќе настапи Гркот кој досега само еднаш се сретна со Ноле и излезе како победник од тој меч.