Му се случува ли најголемиот пех на Рафаел Надал пред Ролан Гарос?!

Како што пренесува шпанскиот весник АС, Рафаел Надал со својот тим и докторот Анхел Руиз Котор, моментално ја разгледуваат ситуацијата во врска со учеството на Ролан Гарос.

Хроничната повреда на стапалото му задава сериозни проблеми, чувствува болка постојано и прашање е што ќе се реши деновиве.

Што и да биде крајната одлука, Надал сепак ќе допатува во Париз, па таму ќе донесе конечна одлука дали ќе може да настапи во неговото царство, турнирот Ролан Гарос.

Надал неодамна рече дека мора да живее со повредата и дека во минатото проживувал големи болки за време на натпреварите и по нив.

Ролан Гарос почнува на 22. мај, а Надал го брка својот 14-ти трофеј во Париз.