Му ја затворија вратата на Ѓоковиќ за АО пред нос – ќе биде тешко да го прифати тоа

Премиерот на австралиската држава Викторија, Даниел Ендру, во која се одржава Австралија Опен, уште еднаш го доведе во прашање настапот на Новак Ѓоковиќ на турнирот во Мелбурн.

Тој најави дека никој нема да биде исклучок и дека секој ќе мора да приложи доказ за вакцинација, па дури и да е најдобар и најтрофеен, тој тенисер нема да настапи доколку не е имунизиран.

Мислам дека невакцинираните играчи нема да добијат виза за влез во оваа земја, а и за да добијат, мора прво да бидат ставени во карантин неколку недели. На вирусот не му е важно каде сте рангирани ни колку гренд слем титули имате. Потполно е неважно, мора да бидете вакцинирани за да се заштитите себеси и тие околу вас“, порача Ендру.

Од тениската асоцијација се уште не се огласиле по овој повод, но тоа ќе треба во следниот период да го направат.