Можност да живне женската одбојка: Белоруска убавица ќе игра во Вардар!

ЖОК Вардар ги договори сите детали за трансфер на Дарја Аврамчик, одбојкарка која важи за една од најсексапилните во Европа и во својата земја – Белорусија.

Се работи за 21-годишна одбојкарка, која минатата сезона беше дел од тимот на Брест, а која веќе има и меѓународно искуство со настапи за екипи од Франција и од Словачка. Аврамчик во Вардар доаѓа како големо засилување за тимот.

Амбициите на ЖОК Вардар за новата сезона се излез во европските купови, а потоа тимот да продолжи да расте и да доминира во домашната женска одбојка.