Можни комбинаторики – против кого и каде би играла Македонија на ЕП

Македонската репрезентација се подготвува за полуфиналето во квалификациите за ЕП, каде се надеваме ќе има позитивен исход.

Прво треба да се победи Косово, а потоа во финалето ќе треба да се добие Белорусија или Грузија.

Но македонската репрезентација деновиве, односно на 30 ноември ќе дознае против кого ќе игра на европскиот шампионатот, доколку успееме да се пласираме.

ЕП ќе се игра низ 12 градови во Европа, а доколку ние се квалификуваме, ќе партиципираме во групата Ц, а доколку Романија успеа да дојде до фудбалска „виза“, Македонија ќе биде преместена во групата Ф, бидејки во тој случај, Романија ќе мора да има на домашен терен во Букурешт.

Потенцијални противници во групата од посилните репрезентации ни се Германија, од вториот барабан Франција, Хрватска, Полска или Швајцарија, додека од третиот барабан може да очекуваме противници како Португалија, Шведска или Чешка.