Мотор Запорожје го зеде скалпот на Вардар – Чупиќ промаши пенал за реми

Украинскиот претставник во СЕХА лигата, Мотор Запорожје, денеска оствари голема победа против европскиот шампион Вардар со 32:31.

Иако во далеку послаб состав од очекуваниот, сепак Вардар пружа отпор, но Мотор Запорожје си одработи за победа која сигурно има тежина кај нивните навивачи, бидејки го победија европскиот шампион.

Мотор Запорожје постојано беа во предност и го одржаваа тоа, а на крајот од мечот, судијата досуди пенал за Вардар, кој го шутираше Чупиќ, но го утна и упропасти шанса за реми на ова гостување.