Мото ГП од следната година во Казахстан

Тркa од шампионатот во Мото ГП ќе се одржуваа во Казахстан од следната година, откако промоторот на натпреварите Дорна потпиша петгодишен договор со организаторите.

Трките ќе се организираат на новата патека Сокол на излезот од најголемиот град на Казахстан, Алмати, се наведува на веб-страницата на натпреварот.

Од 1949 година, Казахстан на тој начин ќе стане 30-та земја што ќе организира трки од шампионатот во Мото ГП, а патеката Сокол ќе биде 74-ти домаќин во „кралската“ класа.

Сè уште не е познат датумот на тркачкиот викенд следната година во Казахстан.

Се очекува раководството на натпреварот наскоро да го објави календарот за 2023 година.