Фудбалерот на Барселона, Жерард Пике никако да излезе од центарот на вниманието на шпанската и светската јавност.
За жал, тој не е актуелен поради фудбалот, туку работи од приватниот живот. Прво се раздели со Шакира со која има две деца, а сега е главна вест во медиумите во Шпанија поради имотот, вреден 20 милиони евра, кој го купи неодамна со намера да гради луксузен хотел.
На земјиштето се најде дури гробница со дури 250 гроба, а никој не знае од кој период потекнуваат тие.
„Откривме 250 гроба од кои поголемиот дел беа празни. Можеби никогаш не биле користени, ниту доволно вредни да би биле сочувани. Ова е една од најголемите некрополи во државата“, изјави шпанскиот археолог Алберто Кумпијан.
Неизвесно е дали Пике ќе остане на својот план да гради хотел бидејќи на парцелата во моментов не смее да има никакви градежни активности додека траат истражувањата.