Морбидни сцени на теренот, Ѓоковиќ почна да се тресе и никој не знаеше што му е

Новак Ѓоковиќ денеска го совлада Данило Медведев со 2:1, по сетови 6:3, 6:7 и 7:6 и обезбеди пласман во полуфиналето на АТП финалето кое се игра во Торино, Италија, но има многу се зборува за тоа што и се случи на српскиот тенисер во вториот сет.

Новак Ѓоковиќ го победи Данило Медведев и го испрати дома, а српскиот тенисер полуфиналето на АТП финалето ќе го игра против Американецот Тејлор Фриц.

Ѓоковиќ лесно го зеде првиот сет со 6:3, но Медведев се врати во вториот, кој успеа да го добие во тај-брејк со 7:6.

Сепак, на крајот од вториот сет Ѓоковиќ создаде вистинска драма и сцените беа навистина морничави за гледачите во салата, но и за оние покрај екранот.

Исцрпениот Новак изгледаше страшно. Седеше на клупа, се тресеше како да има треска и се обиде да се опорави полевајќи се со вода.

Во тие моменти побара и помош од лекар. Тој успеа да го продолжи мечот, но го загуби вториот сет и мораше да брка победа во третиот сет.

Тој трет сет донесе многу изедначен тенис. Медведев имаше голема шанса бидејќи сервираше за победа, но не ја искористи шансата.

Новак возврати со брејк, третиот сет потоа оди во тај-брејк, каде Ѓоковиќ е доминантен и ја освои третата победа во црвената група на АТП финалето.

Српскиот тенисер така во полуфиналето ќе игра против Тејлор Фриц, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Каспер Руд и победникот од вечерашниот дуел меѓу Стефанос Циципас и Андреј Рубљев.