Мораше ли баш ваков гест: Битолчани го осудија недоличното однесување на Моралес

Вардар Скопје вчера оствари исклучително голема и важна победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола со резултат 23:26 и се доближија на чекор од титулата.

Иако битолскиот ракометен колектив се надеваше дека ќе го запрат Вардар овде, сепак не успеаја во нивната намера, бидејки на крајот загубија од сопствените грешки, а тоа Вардар го искористи.

Во самиот финиш од средбата при резултат 22:23, Моралес постигнува гол за гостите за водство од +2, гол кој се покажа како еден од најважните за победата. Веднаш потоа, ракометарот на Вардар се обиде да испрати одредена реакција до домашната публика, на што тие бурно реагираа бидејки не им се допадна потегот.