Монца – патеката која е сон за секој еден автомобилист во Светот е следен предизвик за Рико

Патеката Аутодромо Национале Ди Монца e патека која се наоѓа во Монца, Италија. Таа е една од најпознатите патеки во Формула 1 во светот и е домаќин на Големата награда на Италија од 1950 година.

Во својата 85-годишна историја, патеката била сведок на речиси сè што се случило во меѓународниот мотоспорт. Изградена во 1922 година, нејзината стара конфигурација за последен пат била користена во 1961 година. Таа се наоѓа во Кралскиот парк недалеку од Милано.

Монца низ долгата историја е позната по големата брзина, а и покрај неколкуте измени што ги претрпе и понатаму е најбрзата патека на календарот во Формула 1, нешто што датира уште од 1991 година.

Монца се состои од многу долги правци и тесни шикани. Еден круг на патеката е долг 5,793 километри и е многу тешко за моторите на возилата. Особено во Формула 1 каде што се по полн гас за скоро 80% од кругот.

Покрај трки од Формула 1, оваа патека претходно беше домаќин на 1000 км Монца, трката за издржливост што се одржуваше како дел од Светскиот шампионат и серијалот Ле Ман. Монца, исто така беше домаќин на уникатната манифестација Трка на два света која се обиде да ги  испроба едни против други  болидите на Формула 1 и УСАЦ Националниот шампионат .

На патеката претходно се одржуваа и трки во конкуренција на Гран-при мотоцикл (италијански мотоцикл Гран при), Светско првенство во туристички автомобили, Интернационална серија ТЦР, Светско првенство во супербајк, Формула Рено 3.5 серија и Авто ГП.

Во моментот Монца е домаќин на Купот на издржливост на Бланкпаин ГТ, Интернешанал ГТ Опен и Еуроформула Опен Чемпионшип, како првенства како што се ТЦР италијанската серија, италијански ГТ шампионат, Порше Карера Куп и италијанскиот Ф4 шампионат, како и Монза Рели Шоу.

Монца исто така е домаќин на трки во велосипедизам и во трчање, а особено на Монца 12-часовниот велосипедски маратон и Монца-21 Полу Маратон.

Токму на оваа патека претстојниов викенд ќе тестира нашиот Ристо Вуков Рико кој идниот месец го очекува последната трка од сезоната во силниот Порше Карера ГТ3 Куп на Италија каде што вози за тимот на ГДЛ Рејсинг.

Редакцијата на „Спортклуб“ дозволува слободно превземање на овој текст.