Монтоја објасни зошто Хамилтон ќе биде уште поагресивен кон Макс до крајот на сезоната

Некогашниот возач во Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, смета дека Луис Хамилтон нема друг избор, освен да биде агресивен кон брзиот Макс Верстапен, кој сезонава сериозно се наметнува да ја освои првата шампионска титула.

Седумкратниот светски шампион имаше голем инцидент последната трка против Макс Верстапен, а во тој инцидент публиката беше поделена во однос на виновникот за излетувањето на Верстапен.

Но за поранешниот возач на Ф1, Хуан Пабло Монтоја, тоа што Хамилтон е агресивен, покажува дека и самиот британски возач е свесен дека мора така да влегува во дуелите против Холанѓанецот, инаку нема да биде шампион.

Макс секогаш бил агресивен, тој има доста брз болид, победува на трките сезонава и освојува многу бодови, но сега Луис Хамилтон е во потчинета ситуација и оној кој што мора да ризикува. Луис добро знае дека ако не го направи тоа што го прави, нема да го освои првенството“, смета Хуан Пабло Монтоја.

Монтоја тврди дека Верстапен требало да му остави уште малку простор во кобниот свиок и ако таму ситуацијата поминала глатко, веројатно Верстапен и на Силверстоун ќе славеше.