Монструозно забивање во грчкото првенство: Кошаркарот на Арис ја прелета цела одбрана на ПАО

Кошаркарот на грчкиот клуб Арис од Солун, Крис Бенкстон, имаше нестварно забивање во натпреварот против екипата на Панатинаикос.

На оваа средба „детелинките“ го добија Арис во рамки на 6. коло од грчкиот шампионат, а мечот беше одбележан од еден неверојатен момент во кој главната улога ја имаше кошаркарот на Арис.

Откако беше одлично проигран во просторот на Панатинаикос, на Бенкстон му остана само поубавиот дел, кој привлече овации на трибини.