Моначанецот уште еднаш покажа дека нема да биде ни Раиконен, ни Баричело!

Моначанецот Чарлс Леклер беше крајно разочаран од она како Ферари му приготви ново непријатно изненадување.

Тој во првиот квалификациски циклус остана меѓу последните возачи, односно на 16. позицијата, заостанувајки само 0.052 од позиција која ќе му гарантираше место во првите 15 возачи.

Тоа Леклер го прими крајно разочарувачки па отиде до своите шефови во боксот да бара објаснување, а по мечот го рече следново:

„Ги прашав двапати, дали сме сигурни, да не треба да излегуваме повторно? Ми рекоа дека мислат дека се е во ред, но тоа не излезе така Утре се надевам дека ќе врне и дека ќе има лотарија на патеката“.

Со ваков стил Леклер дава до знаење дека тој нема му биде Раиконен на Фетел, или она што беше Баричело за Шумахер.