Момент за историја: Виктор Давидовски е првиот Македонец со победа во ТЦР Европа

Виктор Давидовски e првиот македонец со Триумф во ТЦР Европа. Тој со златни букви го запиша своето име во историјата на македонскиот автомобилизам.

Негово најдобро остварување досега беше четвртото место од минатата година на истата патека, а вчера на првата трка заврши како шести.

Денеска Давидовски стартуваше како прв поради правилото за ротација на првите десет во квалификациите, па по фантастичниот старт, извозе најбрз круг и без грешни 10 круга, во кои не им дадее никаква надеж на конкурентите.

Пред трката Давидовски најави дека верува во својот тим и во перформансите на автомобилот, кој попладнево функционираше беспрекорно и му овозможи прв да ја мине целта.

Следен гран при викенд од ТЦР Европа ќе биде оној во Белгија, што ќе се вози на патеката Спа Франкоршамп на 18 и 19 јуни.