Момчето со една дланка што сонува да биде Иван Чупиќ!

Рамиро Милано е аргентински ракометар кој на 18-годишна возраст одлучи да направи чекор напред во кариерата и е пресели во шпанскиот клуб Мислата од Валенсија.

Можеби во ова нема ништо чудно ако не се знае дека момчето е родено со една дланка, левата, а сепак успеа да се пробие во професионалниот ракомет. Да биде чудото поголемо, од својата четврта година тој се занимавал со фудбал, бил на проби во Барселона и Бока Јуниорс и долго време паралелно тренирал фудбал и ракомет.

Иако без дланка, подоцна одлучил да се фокусира на ракометот, а неговите амбиции, заедно со менталната сила му овозможиле да стигне до шпанската лига. Неговиот татко Гиљермо Милано е поранешен ракометар и во моментов технички асистент на Маноло Кадењас во аргентинската репрезентација.

За нас приказната за Милано е уште поинтересна бидејќи негов идол е актуелниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ со кого сонува заедно да заигра. Можеби и ќе го видиме во Скопје како дел од „црвено-црните“ бидејќи со 18 години, иднината е пред него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Кога е најтешко, ова е најмалку што може да се направи: Вардаре, не те оставаме!

Парондо сликовито ја објасни (не)идеалната ситуација во клубот оваа сезона

Селекторот Симовски го објави списокот на ракометарки за баражот за СП

Дерби во финалето на универзитетската лига во ракомет!

Вардар рутински и сигурно против Бутел

Македонија е европски и светски ракометен гигант: Пристигна уште едно признание од ЕХФ

Вардар на лето ќе купува од Металург !?

ЕХФ со поздрав за најголемите: ВАРДАР, добредојде во Келн!

Вардар го загуби Купот на Македонија, но ги доби најдобрите можни вести