Мoлк на Олд Трафорд: Барселона поведе под „сомнителни“ околности

Во тек е реваншот од 1/16 финалето на Европската лига меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона, а гостите поведоа со 0:1.

Првиот натпревар, кој беше феноменален, забележа четири гола, а заврши нерешено 2:2.

Барселона беше прва која поведе со 1:0 на тој натпревар, но Манчестер набрзина направи резултат 1:2 и изгледаше дека ќе победи.

До крајот на натпреварот Барселона успеа да го израмни резултатот на 2:2, а по тој гол беше јасно дека одлуката за патникот во следната рунда од натпреварувањето ќе биде донесена на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед влезе подобро во овој натпревар, но Барселона поведе со 0:1. По еден напад Турпин досуди пенал.

Пеналот е навистина доста сомнителен бидејќи се чини дека играчот на Барселона прелесно падна, но Турпин остана на неговата одлука.

Изведувач на пеналот беше Левандовски, кој беше сигурен и со тоа го доведе својот тим во водство на Олд Трафорд.

Интересен беше начинот на изведување на пеналот. Левандовски повторно скокна на ударот, а за малку не го промаши пеналот поради тоа.

По ударот се фатил за грбот, а јасно е дека за малку ќе се повредил при ударот.

Досудениот пенал и голот на Левандовски можете да ги погледнете ТУКА.