Моќната порака на Јане од Њујорк: Што ми дава најголема сила да се борам за еднаквост во спортот!

Храброто 11 годишно момче кое ја освои Македонија, но и спортска Европа, Јане Велковски, деновиве беше дел од отвореното собрание на УНИЦЕФ, на светскиот ден на децата со попреченост, каде од ООН зборуваше за правата на неговите другари со иста судбина.

Харизмата која ја поседува Јане, беше впечатлива кај големи фудбалски имиња, еден од нив беше и Дејвид Бекам, кој имаше краток разговор со нашиот Јане.

Многу сум среќен што сум денес овде. Јас сум роден со спинална мускулна атрофија и поради тоа се движам со количка која ја викам – формула. Но, моите родители ме учеа дека можам да правам сѐ што можат и другите, само на поинаков начин. Како што растев, тоа стана и мое правило – да правам сѐ и да уживам во животот“.

„Одам во училиште и имам многу другари. Учам, шетам, играм, но мојата најголема страст е фудбалот. Јас го засакав фудбалот од мал и играм фудбал секогаш кога можам. Тоа ми дава сила, енергија и ме прави среќен. Фудбалот ми помогна да се борам за да добијам терапија, ме поврза со многу славни личности и ме направи голем борец за еднаквост во спортот. Јас верувам дека сите на светот можат да играат фудбал без разлика како играат. Важно е да се еднакви и да се почитуваат“, истакна Јане Велковски.