Moќна Македонија: Кошаркарите го збришаа Косово

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Гевгелија извојуваше убедлива и лесна победа над Косово откако беше совладан со резултат од 78-68

Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков влего фуриозно во мечот, па по првата четвртина имаа веќе двоцифрена предност од 13 поени (29-16). Сепак во вториот квартал од мечот гостите фатија приклучок и се доближија на само -4 (39-35).

Но веќе во првиот период од второто  полувреме работите си дојдоа на свое, па Македонија ја врати двоцифрената предност и на крај немаше проблем.

Прво има во нашите редови беше Бојан Трајковски кој зад своето им запиша „дабл-дабл“  ефект од 23 поени и 13 скока, а одлична поддршка имаше од  Шејн Витингтон кој реализира 15 поени, односно Војдан Стојановски со 13 поени.

„Црвено-жолтите“ со денешната победа  остане на лидерската позиција на табелата во групата Б и сега се на чекор до пласман во следната фаза во борбата за местата кои водат на континенталниот собир, односно квалификациите за ЕП.  Сега во последниот меч против Романија може  и да си дозволиме пораз, но до 14 разлика.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Комичниот тајм-аут на Звезда: Коуч, ако стават некој висок на терен…

Човиќ, првиот човек на Ц.Звезда „плаче“ по поразот од Партизан: Како да честитам за нешто што е украдено

Скандал во Ниш: Партизан слави титула, Звездашите одбија да ги примат медалите

(ВИДЕО) Спектакл на Ол стар викендот: Диало го прескокна Шек и победи во забивање

Осман за македонското знаме: Сакав да искажам благодарност и љубов

(ВИДЕО) Блесна македонското знаме на „Ол-старот“ – Осман гордо го носеше

(ФОТО) Секоја чест – Охриѓанецот Чеди Осман на „Ол-старот“ на НБА ќе настапи со македонско знаме

Чудесниот Дончиќ во последен момент сепак ќе се најде на Ол-Стар!?

Давитков го соопшти списокот за одлучувачкиот меч против Романија