МОЌЕН Вардар: „Црвено-црните“ го уништија Рајн Некар среде Германија

Македонскиот шампион Вардар на најдобар можен начин се врати кон настапите во ЛШ по репрезентативната пауза. „Црвен-црните“ вечерва во Германија комплетно го надиграа и убедливо совладаа тимот на  Рајн Некар Левен со резултат 30-27.

Вардарц на овој начин дојдоа до 7. победа по која и понатаму ќе останат на 2. место во групата А во Лигата на шампионите.

Избраниците на Парондо уште од самиот почеток играа на едно високо ниво, гранитна цврста одбрана како и прецизно во нападот. Како одминуваше мечот, така Вардар играше се подобро и подобро и ја градеше предноста која на неколку моменти одеше и до 7 погодоци предност.

Доколу во финишот не дојдеше до опуштање во редовите на Вардар, победата моежеше да биде и тоа како убедливо, но и вака бодовите се освоени.

Дибиров со 7 погодоци беше најефикаен, додека по еден помалку, по шест дадоа Карачиќ и Стоилов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ: Еурофарм немоќен во Битола против Татабања

Парондо: Промашивме многу, Веспрем имаше повеќе свежина кога најмногу требаше

Одлично прво и катастрофално второ полувреме: Вардар загуби од Веспрем среде Скопје!

(ФОТО) „Комити“ со закана – Глави ќе летаат!

Следете го дерби мечот ВАРДАР – Веспрем овде

Мукаетов за приоритетот со кој ќе се избира новиот селектор на репрезентацијата

ЕХФ го „делна“ и Кјелце за инцидентот со Вардар минатиот октомври

Стоилов и Парондо очекуваат тежок меч со Веспрем

Ќе грми во „Јане Сандански“ в сабота – Вардар со убава вест за фановите