Moќен потсетник: Ноќта кога цел плоштад во Скопје беше – ВАРДАР!

Македонската публика долго ќе го сеќава успехот на Вардар кој го направи во три сезони, во кои освои две шампионски титули во Лигата на шампионите.

Првата како прва, секогаш е најубава и најслатка, но може да се каже дека втората веројатно поради тоа што Вардар беше доживуван како тотален аутсајдер уште во четвртфиналето, а потоа и отпишан на Ф4, веројатно таа е можеби и послатка титула.

Но дефинитивно долго ќе се памети и неверојатниот пречек на ракометарите минатата година на скопскиот плоштад, кога долго во ноќта се скандираше, пееше и навиваше за Вардар, кога повеќе од 100.000 луѓе беа присутни на плоштадот и кога сите од околните згради беа излезени на своите балкони со македонските знамиња.