МОК и официјално домаќин на Генералното собрание на ЕОК 2022

ЕОК донесе едногласна одлука, МОК (град Скопје) да биде организатор на следното Генерално собрание на ЕОК во 2022 година.

За време на Генералното Собрание на Европските олимписки комитети, претседателите на Полскиот и Македонскиот олимписки комитет, м-р Даниел Димевски и Андржеј Краснички потпишаа договор за партнерство и блиска соработка во областа на врвниот спорт, организација на олимписки кампови, обука на тренери, спортска администрација и слично.

Договор за партнерство беше потпишан и со Шпанскиот олимписки комитет, при што претседателите м-р Даниел Димевски и Алехандро Бланко Браво потпишаа договор за партнерство и блиска соработка во однос на заеднички олимписки подготовки на најдобрите македонски и шпански спортисти преку организација на заеднички олимписки кампови, едукација на тренери, унапредување на спортската администрација, спортската медицина и слично.

Веќе договорени се потпишување на договори со Германија, Франција и Романија, а водени беа разговори и со водечките лица во Меѓународниот и Европскиот олимписки комитет, за зголемување на финансиската помош за МОК како и добивање на донации од страна на голем број Национални спортски федерации.