МОК домаќин на Томас Бах и на европските олимписки комитети

Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски и претседателот на ИОК, д-р Томас Бах, по повод 30 годишнината од основањето на МОК и 51-то Генерално Собрание на Европските олимписки комитети остварија работна средба на која беа договорени многу нови проекти за МОК.

Во исто време, Претседателот Бах ја отвори Лабораторијата на МОК за постигнување на врвни спортски резултати, која е создадена да го следи психо-физичкиот развој на најдобрите македонски спортисти, но и да го унапреди истиот, како и да ги дијагностицира и менаџира однапред сите можни спортски повреди.

Претседателот на ИОК, Томас Бах воодушевен од сето она што го виде во Скопје и воопшто како се развива МОК и македонскиот спорт, на претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски му ја врачи престижната награда – ИОК трофеј “Олимписка куќа“.

Претседателите Бах и Димевски, заедно со претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, остварија средба и со претседателот на државата, д-р Стево Пендаровски на која се разговараше за многу проекти од заеднички интерес, а претседателот Бах уште еднаш ја истакна својата воодушевност од работата на МОК и вети дека МОК и смакедонскиот спорт ќе биде уште повеќе поддржан од страна на ИОК.