Мојсовски распали по помладите: Треба да си прв во село, па потoа да заминеш во град

Човекот без кого македонската ракометна селекција долги години беше незамислива, Наумче Мојсовски се огласи по крајот на ЕП 2020 за нашата селекција.

Некогашниот централен бек кој сега влезе во политиката за „Фокус“ отворено говореше, народно кажано без „влакна“ на јазикот“. Особен акцент стави на помладите до кои упати и критика

„Некои од ракометарите многу брзаат да направат трансфер во странство. Мислам дека треба во Македонија да се афирмираат како носители на еден тим, па после да заминуваат од земјава. Година дена треба да си прв во село, па потоа да заминеш во град. Парите ќе дојдат, треба малце самокритика. Прават трансфери, па после седат на клупа, на трибини. Тука ни е проблемот. Во нашата генерација, сите игравме по 60 минути на терен. За жал, во сегашната репрезентација има се помалку такви играчи“, истакан Наумче.

Иако не ги спомена, тука секако мислеше во преден план на Филип Талевски и Филип Кузмановски.