Мојс откри зошто не го земал Мегвајер порано во Јунајтед

Шкотскиот стручњак Дејвис Мојс неполна сезона беше менаџер на Манчестер Јунајтед и неславно си замина од Олд Трафорд.

Пет години откако си замина откри дека имал можност да го земе Хари Мегвајер уште кога тој беше анонимен фудбалер во пониските дивизии. Не го сторил тоа од, во тоа време, реални причини.

„Го познавав Хари уште кога играше за Престон, сфатив дека може да биде голем играч. Но, во тоа време ги имавме Немања Видиќ, Рио Фердинанд, Џони Еванс, Мајкл Кин, Фил Џонсон и Крис Смолинг и немавме причина да земеме еден млад стопер, анонимен во тоа време“, призна Мојс.

Мегвајер полека го отвораше својот пат за пред десетина дена да стане најскапиот дефанзивец на сите времиња, вреден 80 милиони фунти.