Мохамед Салах го доби првотп признание за фантастичната сезона со Ливерпул

Мохамед Салах е еден од најзаслужните фудбалери што Ливерпул сезонава успеа на убедлив начин да стигне до титула во Премиер лигата, а официјално ја доби и првата од серијата престижни награди кои ќе бидат доделени за актуелната сезона.

Очекувано, Салах е избран за број еден фудбалер во Премиер лигата од страна на Здружението на специјализирани новинари кои ги следат случувањата на англиската фудбалска сцена.

Според резултатите, дури 90 проценти од новинарите го дале својот глас за Салах, што е најубедлива победа овој век, а египетскиот репрезентативец третпат во кариерата е победник во ова гласање. Со тоа стана само втор фудбалер кој има три победи во изборот, а претходно тоа му успеа само уште на Тјери Анри.

Салах го освоил првото место пред соиграчот Вирџил ван Дајк, а третото и четвртото место им припаднале на Александер Исак и Деклан Рајс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО