Модриќ отворено за разговорот со Зидан: Она што тој ми го рече пред две години..

Хрватот Лука Модриќ по цели 10 години доминација на Кристијано Роналдо и Лео Меси, ја прекина таа серија со освојувањето на Златната топка.

Модриќ имаше навистина фантастична сезона, како со репрезентацијата, така и со Реал Мадрид, кој повторно стана шампион во ЛШ, па титулата е скоро оправдано, без оглед на тоа дека Гризман не се согласува со тоа.

33 годишниот Модриќ открива што точно разговарал со Зидан на оваа тема пред две години.

Немаше некој посебен момент, но запаметив едно нешто што ми рече „Лика, ти можеш да ја освоиш оваа награда. Кога тој стана тренер во јануари 2016 година, ме повика во неговата канцеларија еден ден по тренингот, и ми рече дека ме гледа како клучен играч и што точно очекува од мене“.

„Тој веднаш ми рече дека ме гледа како играч потенцијален освојувач на Златната топка, а кога еден таков човек ќе ви го рече тоа, тоа ја зголемува до врв вашата самодоверба. Му се восхитував како играч, а и како тренер“, истакна Хрватот.