Модриќ ја донесе „Златната топка“ во соблекувалната, Рамос прв се огласи

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, има многу причини за славје откако беше прогласен за најдобар играч нас ветот и сега во својата витрина ја има и „Златната топка“.

Модриќ синоќа ја освои „Златната топка“ на доделувањето во Париз што сигурно е најголем успех во кариерата за хрватскиот репрезентативец. Тој славеше пред поранешниот соиграч Роналдо, како и Антоан Гризман кој на крајот заврши на третото место.

Веќе денеска Модриќ се врати во Мадрид каде го одработи тренингот во славеничка атмосфера. Соиграчите му честитаа на големиот успех, а прв на Инстаграм се огласи Серхио Рамос.

„Мојата почит за Лука“, кратко напиша Рамос со една интересна фотографија.