Многу познати лица во Скопје: Раул, Карачиќ, Душебаев, Скубе, Митревски…

Групата од Лигата на шампионите во која се најде Вардар, освен квалитетот на ривалите, ја одбележуваат и познатите ликови за скопската ракометна јавност.

Речиси да нема тим во кој не игра некој поранешен ракометар на Вардар. Во ПСЖ се Раул Гонзалес и Даинис Криштопанс, во Келце се Игор Карачиќ и Алекс Душебаев, во Мешков Брест е Сташ Скубе, во Пик Сегед е Жоан Кањељас, а во Порто е репрезентативниот голман Никола Митревски кој играше за Вардар од 2007 до 2010 година.

Само во Фленсбург и Елверум нема ниеден поранешен играч на Вардар што не значи дека овие две екипи не се познати за стручниот штаб на Вардар.