Младите надежи Талески и Стојмиловска поразени во Кожани: Најдоброто од нив допрва доаѓа

На првиот ден од отвореното Балканско првенство за пионери, кое се оддржува во Кожани, Грција, двајцата македонски претставници загубија по две борби, со што автоматски ги загубија шансите за пласман на пиедесталот.

Михаел Талески во категорија до 50 килограми, во првата пресметка се сретна со натпреварувач од Грција, додека во втората бора, се бореше против бугарски претставник.

Анамарија Стојмиловска која се натпреварува во категорија до 44 килограми, во првата борба се сретна со натпреварувачка од Турција, додека во втората борба (репесаж), имаше натпреварувач од Косово.

Сепак, станува збор за млади натпреварувачи, кои допрва се пробиваат во овој спорт и дебитираат на вакви првенства, сигурно дека им претстојат уште многу турнири и борби и во натамошниот период од нив може да се очекуваат добри резултати.