Младите македонски ракометарки поразени од Исланд во битка за 5. место на ЕХФ шампионатот

Младите ракометарки на Македонија загубија во дуелот за петтата позиција на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 19 години, па на крајот се пласираа на шестата позиција.

Во дуелот за 5-та позиција, младите македонски ракометарки се поразени од селекцијата на Исланд дури по изведување на пенали.

Исландските девојки беа поуспешни од македонските ракометарки во пенал серијата со 4:2 и го освоија 5-то место, додека во регуларниот дел резултатот беше 28:28.

Иако Исланд водеше во текот на целиот натпревар, финишот беше пеколен во кој нашите млади ракометарки покажа врвно ниво и дојдоа до егал, па кога се чинеше дека психолошката предност е стекната и на страна на нашите ракометарки, сепак на крајот фокусот беше подобар за девојките од Исланд.