Младиот тенисер порачува: Се случува смена на генерациите во тенисот, готово е!

Младиот канадски тенисер Феликс Озе Алијас, е еден од членовите на младата генерација, која буквално се заканува да ја наследи големата тројка, Надал, Федерер и Ѓоковиќ.

Овој тенисер има 21 година и моментално се наоѓа на 11. место на АТП, неговите резултати последните неколку месеци му даваат за право да се надева на големи работи во иднина.

На УС ОПЕН одигра до полуфинале, каде загуби од Медведев со 3:0, а претходно на турнирот во Синсинати, испадна од Стефанос Циципас.

Тој смета дека смената на генерации се чувствува и дека е блиску:

Вистина е дека Ѓоковиќ е и понатаму прв, дека Роџер и Рафа се обидуваат да се вратат, но чувствував дека смена на генерации е во тек и дека во потполност ќе се случи наскоро“, порача Феликс Озе Алијас.