Младиот Шуми е разочаран – потегот на ХАС го остава без место во Ф1

Мик Шумахер и дефинитивно нема да вози следната сезона во Формула 1.

Германецот остана без договор во Ф1, откако неговиот тим ХАС, реши да не му го продолжи договорот и да го остави без ангажан.

Ова ќе биде мојата последна трка во ХАС, не кријам дека сум разочаран со одлуката да не ми биде продолжен договорот. Им благодарам на ХАС и Ферари на оваа шанса. Со нив пораснав технички и лично. Верувам дека заслужувам место во Ф1 и ќе се обидам да се вратам и да го возам овој спорт“, порача Мик Шумахер.

Шумахер во ХАС дебитираше во 2020 година, по освојувањето на Ф2. Вкупно има освоено 12 бодови во две сезони и најдобар пласман му е шестото место. Минатата година заврши како возач кој направил најмногу штета на својот болид од сите останати во Ф1.

Ако Мик Шумахер има потенцијал кој сака да го искористи како неговиот татко, секако дека ќе се најде тим кој наскоро ќе го ангажира.