Еурофарм Пелистер денеска го промовираше своето ново засилување, Цветан Кузмановски.
Момчето кое успеа да добие шанса за настап и во репрезентацијата на Македонија на Светското првенство, сега е прекомандуван од вториот тим на Пелистер во првиот.
Крилниот ракометар потпиша договор на три ипол години со Пелистер.
„Уште пред потписот со Еурофарм Пелистер 2 моја цел беше да заиграм за првата екипа. Еве тоа се случува порано од предвиденото и очекуваното. Ќе дадам сè од себе да се наметнам што подобро и да добијам поголема минутажа. Знаеме за каков клуб станува збор, клуб со голема традиција и многу сум задоволен од досегашниот престој во тимот“.
„Се вклопив одлично во екипата, сите добро ме прифатија, а со некои се знаев и од порано. Мислам дека клубот е добро организиран и имаме добри услови за напредок како млади играчи. Пофалби за тренерот Александар Јовиќ. Имавме напорна прва полусезона и покрај проблемите со корона вирусот. Напорно трениравме, се спремавме за исполнување на целта, а тоа е место во плеј-офот. Успеавме тоа да го оствариме и еве сум тука во првиот тим“, истакна Кузмановски.