Младиот и талентиран Наумоски потпиша со МЗТ Скопје

МЗТ Скопје денеска потврди уште едно засилување во својот табор, станува збор за младиот Наумоски Михаил, синот на славниот кошаркар и поранешен претседател, Пеце Наумоски.

Михајло Наумоски игра на позицијата крилен центар и има 17 години.

Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам се од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај“, порача младиот Наумоски.

Според договорот, талентираниот Михаил сезонава ќе ја доигра во дресот на МЗТ Скопје УНИ Банка, а потоа ќе добие „прекоманда“ во првиот тим за кој ќе настапува во следните две сезони.