Младинките на ЖОК „Јанта Волеј“ направија голем успех

Одбојкарките на ЖОК „Јанта Волеј“ од Кисела Вода на финалниот турнир во женска одбојка во јуниорска конкуренција У-18 направија голем успех.

На ова натпреварување клубот од Кисела Вода го совлада „Работнички Скопје“, со резултат 2:0, а  „Наковски Волеј“ од Струмица го победи „Пелистер“  со 2:0.

Во борбата за првото место „Јанта Волеј“ го победи „Наковски Волеј“ од Струмица со 3:1, а во пресметката за третото место „Пелистер“ го совлада „Работнички Скопје“ со 2:0.

-Многу сум задоволен од тоа што го освоивме јуниорското првенство. После реконструкцијата на шампионската екипа од минатата година, оваа година им дадовме шанса на младите во нашиот клуб кои успешно ја искористија во целост. Истите настапуваа во сениорска конкуренција и стигнавме до полуфинале каде испаднавме од многу поискусниот „Работнички – жени“. Наредниот викенд играме финален турнир во кадетска конкуренција каде по мое очекување треба да бидеме фаворити. Сакам да се заблагодарам на сите што помогнаа и не поддржаа на овој тежок пат до успехот посебно до градоначалникот Филип Темелковски и одделението за спорт при Општина Кисела Вода, изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сезоната е пред крај, Роналдо има време да ужива и во Формула 1

(ФОТО) Ќе ви го помати умот: Георгина на Роналдо го покажа своето деколте и задник

ВИДЕО: Тоти не игра фудбал – но продава магични потези на мали терени

(ВИДЕО) Кога е најтешко, ова е најмалку што може да се направи: Вардаре, не те оставаме!

ФОТО: Кога газда Френк Лампард части, тоа се претвара во жестоко славје

(ФОТО) Победата на Лацио ја прослави соблекувајки се гола

ТЕСТ: VW T-Roc 1.6 TDI 115- Уште една успешна приказна на Volkswagen

ВИДЕО: Македонија има боречка сила: Волкановски како и Конор МекГрегор го доби Хосе Алдо

Шокантна вест од Лондон: Му откажа срцето среде борба