Млад српски фудбалер загина на Охридското езеро

Никола Стевановиќ од селото Долна Крајница кај Лесковац, по кобниот скок од карпа, 12 дена се борел за својот живот и таа битка ја изгубил. Не се разбудил од кома, починал во Скопје, далеку од својата куќа и семејството.

Никола бил фудбалер. Пред почетокот на сезоната се одмарал со друштвото на Охридското езеро. Во еден момент скокнал од карпа во езеро, удрил во подводен камен и го скршил вратот и шестиот рбетен пршлен. Префрлен бил во Скопје, каде бил опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил.

Никола играл фудбал од мали нозе, ги минал сите млади селекции на Дубочица, главно играл како напаѓач и менувал клубови, сонувајќи дека еден ден ќе заигра за поголем клуб.