Мирка е авторитет: Како Федерер поради нејзиното „не“ морал да го откаже учеството во Австралија

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се откажа од настапот на првиот Гренд слем турнир годинава, во Австралија.

Таквата одлука сепак крие нешто друго, зад сето тоа стои одлука на сопругата на Федерер, Мирка, на која не и се допаднала идејата да биде во карантин две недели со четири деца доколку сака да биде дел од Мелбурн.

Федерер нема играно тенис од минатиот јануари, кога во полуфиналето во Мелбурн загуби од Новак Ѓоковиќ, па поради низа повреди, се откажа од повеќе турнири, со цел да заздрави и да се врати по подготвен.

Иако се очекуваше дека тој ќе се врати во Австралија, сепак нема да го гледаме на ТВ екраните славниот тенисер.

Проблемот за Федерер беше што Мирка и нивните деца немаше да можат да ја напуштат собата 14 дена. Само играчите можат да го напуштат хотелот но не и нивните семејства. На Мирка таа идеја не и се допадна и турнирот го откажаа“, порача Андре Са, одговорниот човек за односи со играчите на овој турнир.