Мино Раиола „уловен“ на преговори на уште еден голем трансфер

Контроверзниот агент Мино Раиола повторно ќе има многу возбудливо лето кога станува збор за трансферите.

Холандско-италијанскиот менаџер со години веќе „жари и пали“ со трансфери низ цела Европа, а така ќе биде и ова лето.

Неколкумина негови клиенти-фудбалери ќе го сменат клубот а исто така ќе ја застапува и ѕвездата на Удинезе, Родриго Де Пол за време на преодниот рок.

Агустин Хименез е одговорен за кариерата на аргентинскиот играч за врска, но Раиола ја доби улогата на медијатор во преговорите со бројни европски тимови кои се заинтересирани за неговите услуги.

Раиола денес беше фатена на улиците на Удине. Тој наводно дошол да го комплетира трансферот на Родриго Де Пол, а негов нов клуб може да биде Атлетико Мадрид.

Јорганџиите се подготвени да платат бројка од 45 милиони евра што Удинезе ја бара за 27-годишен фудбалер и Раиола дојде да ја заврши работата.

Сигурно е дека медијацијата во овој бизнис ќе му донесе сериозен приход, а пари ќе има и од трансфери на други фудбалери кои се под неговиот договор.

Де Пол е во Удинезе од 2016 година. Сепак, дојде време за нови предизвици и веројатно ќе го видиме во дресот на Атлетико.

Аргентинецот во претходните пет години одигра 184 натпревари за Удинезе и постигна 34 погодоци.