Министерот Филипче со добра вест: Публиката се враќа во секој спорт во Македонија

Денеска ни доаѓа добра вест за спортот генерално во државата и за враќање на публиката на дел од трибините.

Поради тоа што без малку сезона и половина на трибини нема публика, денес министерот за здравство, Венко Филипче, најави олабавување на мерките, поради се поповолната ситуација со Ковид19 бројките.

Филипче најави дека е донесена одлука првенствено за отварање на сите фитнис центри и места каде младите се рекреираат, а наскоро се враќа и публиката на трибини, се разбира во ограничен број.

Иако сезоните во секој спорт во Македонија влегуваат во завршницата, сепак од следното коло ќе биде дозволено присуство на одреден број публика.

Донесена е одлука за отворање на фитнес центри и теретани. Исто така, дадена е и дозвола за одржување на еден дел од спортските натпревари со враќање на публиката и неофицијалните лица, што досега не беше дозволено, – порача денеска министерот Филипче.