Милосављев и неговата клучна одбрана на мечот против Р.Н.Левен

Херојот на Вардар од ланската сезона, голманот Дејан Милосављев, брани фантастично и во новиот клуб, во Фуксе Берлин.

Последното коло во Бундеслигата, тимот од Берлин оствари важна, но тешка победа, во која клучна улога имаше српскиот голман.

Фуксе Берлин играше против Рајн Некар Левен ова коло во ЛШ, гостите имаа последен напад за нерешено, но Милосављев со правовремена интервенција всушност ја одбрани победата на своите.

Дека одбраните во Вардар, иако минатата сезона како непознат голман, не биле случајност, Милосављев докажува и сезонава во Германија.