Милионите се минато: Најлошиот ден во животот на Усеин Болт!

Еден од најголемите спортисти на сите времиња, Усеин Болт, беше ограбен и загуби милиони. Тој дефинитивно минува низ еден од најтешките моменти во неговиот живот во моментов.

Усеин Болт беше жртва на масовен сајбер грабеж. Милиони долари исчезнаа од инвестициската сметка на Јамајканецот, објави неговиот агент Нуџент Вокер.

Јамајканската полиција веќе започна истрага за случајот. Вокер објави дека Усеин Болт забележал некоја сомнителна активност на неговата сметка претходно оваа недела.

„Го започнавме процесот за расветлување на фактите“, изјави агентот на Усеин Болт, кој, сепак, не ја прецизира точната сума што исчезнала од сметката.

„Неговите сметки се под истрага. Тој работи со оваа инвестициска компанија повеќе од десет години“, рекол Вокер.

Од првите истраги се чини дека поранешниот вработен во институцијата е вмешан во голема банкарска измама, а сметката на Усеин Болт била на неговиот список.