Милевски и Саутгејт ги открија составите за вечерашната средба

Селекторите на Македонија и Англија се решија за своите состави во последното квалификациско коло.

Иако Англија е веќе пласирана на ЕП, ова ќе биде натпревар за престиж, односно во таборот на Англија шанса ќе добијат некои млади и неафирнирани играчи.

Боби Милевски за овој натпревар се реши за Димитриевски, Муслиу, Манев, Серафимов, Алиоски, Димоски, Барди, Атанасов, Алими, Елмас, Миовски.

Што се однесува до Герет Саутгејт, тој се реши за следните 11:

Пикфорд, Вокер, Луис, Рајс, Гуехи, Мегваер, Сака, Фоден, Воткинс, Александер Арнолд и Џек Грилиш.