Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Јошко Миленковски, истакна дека нема зошто да жалиме по поразот од Чешка бидејки ова сепак било за очекување.
По овој пораз, патот на нашата одбојкарска репрезентација е трасиран кон Бари, каде не чека дуел во осминафиналето против силен противник, светскиот шампион Италија.
„По поразот од Чешка, нема зошто да жалиме, тоа е репрезентација која изминатиот период имаше остварено добри резултати. Следен ривал за нас е Италија, јас искрено ја посакував оваа репрезентација. Она што беше најважно, имавме одлична атмосфера, ви благодарам на сите кои бевте присутни во сала и што ни дадовте поддршка“.
„Доколку се случеше да изедначиме на 1:1, тоа за нас ќе беше голема психолошка победа и предност, но после 2:0 е тешко да се вратите во игра. Треба да сме задоволни, бидејки имавме и добри моменти“, порача селекторот Миленковски.