Милан веднаш се побуни: Календарот е пренатрупан

Со взаемен договор, италијанските клубови и Владата на оваа земја се договорија да продолжи Серија кон средината на јуни.

Прво, на 13 јуни, ќе се игра дуел од полуфиналето на Копа Италија, а четири дена подоцна и првото коло од продолжението на шампионатот. Тоа не им се допаѓа во Милан кој веднаш ќе се соочи со згуснат распоред.

„Разбираме дека е важно на навивачите да им понудиме квалитетни натпревари, но за нас е премногу напорно во четири дена да одиграме два меча по пауза од три месеци“, изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.

„Росонерите“ во Копа Италија треба да гостуваат кај Јувентус, а четири дена подоцна одат кај Лече. Кога станува збор за пресметката во Купот, првиот меч заврши 1-1, а Милан на реваншот, освен што ќе мора да постигне барем еден гол, ќе биде без Ибраимовиќ, Ернандес и Кастиљехо.