Милан без двајца важни играчи за дербито на „Олимпико“ против Рома

Милан го објави списокот за мечот против Рома денеска и во него нема двајца важни играчи за нив.

Во составот денеска нема да ги имаат Исмаил Бенасер и Марио Манџукиќ.

Двајцата имаат проблеми со мускулот и не се во можност да помогнат на тимот за вечерашното гостување на „Олимпико“. Посебно ќе им недостасува Бенасер кој еден од главните играчи и носител на играта.

Манџукиќ се повреди на тренингот пред дербито за Милан, додека Бенасер се повреди на мечот против Црвена Звезда во Лига Европа во Белград.

Освен тоа, Алесио Ромањоли ќе биде на клупа, а наместо него во првите 11 ќе биде Фикајо Томори.