Микаела Шифрин испиша историја во Семеринг

Американката Микаела Шифрин победи денеска во слаломот во Семеринг и стана најуспешната скијачка на сите времиња во таа дисциплина.

Шифрин сега има 36 победи во слалом во Светскиот куп, а претходно беше израмнета со Марлис Рајх.

Единствено шведскиот великан Ингемар Стенмарк има повеќе победи во слалом од нејзе, вкупно 40 во периодот помеѓу 1974 и 1987 година.

Шифрин со победата во Семеринг стана првата скијачка која остварила 15 победи во една календарска година во Светскиот Куп.

Американката беше убедлива во првото возење, а во вкупниот пласман за 0,29 секунди беше побрза од второпласираната Петра Влхова од Словачка, како и 0,38 од швајцарската скијачка Венди Холденер, која беше трета.

Доминик Парис од Италија оствари две врзани победи во два дена во Светскиот Куп, со триумфот во супер-џи во Бормио.

Парис, по победата во спуст во петокот, во саботата беше 0,01 секунда побрз од олимпискиот шампион Матијас Мајер.

Тоа беше 11. победа во кариерата за Парис.

Трката на скијалиштето Стелвио ја одбележа несреќата на норвешкиот скијач Стијан Саугештад, кој падна на грбот и вратот пред да се запре на заштитната ограда. По ова, со хеликоптер беше пренесен во локалната болница и засега нема информации за неговата состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перо Антиќ застана на чело на Олимпискиот совет на МОК

ТРАГЕДИЈА: За време на тренингот почина носителот на сребро од СП

За „влакно“ ја избегнале трагедијата: Репрезентацијата на Бангладеш била во џамијата – открија како се спасиле

(ВИДЕО) Протече снимка од нападот: Мекгрегор бесен го уништи телефонот на фанот

Нов скандал на Конор Мекгрегор: УФЦ ѕвездата уaпсена во Мајами

Доминација на сноуборд клубот ХМКД на државното првенство во Маврово

Незапамтена инвазија на странци во македонската одбојка: Од Бразил, Украина, САД, Австралија, Бугарија….

Крај на кариерата за Кро Коп: Хрватскиот борец имал мозочен удар!

(ВИДЕО) Хабиб бесен како рис повторно влета во рингот откакo брутално беше нокаутиран неговиот братучед