Шумахер јуниор напредува како и неговиот татко

501

Синот на легендарниот возач Михаел Шумахер, Мик Шумахер, изјави дека сака да биде на врвот во овој спорт, каде некогаш беше успешен неговиот татко.

Младиот Шумахер влегува во својата втора сезона од Формула 3, па сега сака да напредува и да стане поагресивен, нешто по кое беше познат и неговиот татко Михаел Шумахер, кој во Ф1 се прослави со седум освоени шампионски титули.

Мик е добро запознат со притисокот, се уште сеќавајки се на неговиот татко, кој и понатаму останува со неизвесна иднина да се опоравува во својот дом во Швајцарија.

„Целта ми е да бидам најдобар, мислам дека 5 до 8 возачи ќе се натпреваруваат во Ф3 сезонава за титула, јас ќе дадам се од себе да бидам еден од најдобрите“, истакна Мик Шумахер.

Неговата кариера се развива добро и за неколку сезони можеби ќе бидеме сведоци како Шумахер Јуниор вози болид во Формула 1.